Улогата на пробиотските бактерии за баланс на организмот



Пробиотиците во организмот имаат корисна функција и потребата од нивното секојдневно внесување е многукратно докажана. Внесувањето пробиотски бактерии е посебно корисно за нормализирање на рамнотежата во организмот по силен стрес, болести и други штетни влијанија.


Освен што помагаат за обновување на цревната флора и на тој начин постигнување баланс, пробиотиците уште влијаат и врз намалување на воспаление на уринарниот систем, намалување на холестеролот, намалување на крвниот притисок, како и во спречување на ризикот од ефектот на лошите бактерии предизвикани од стресот.

Најзастапени пробиотски бактерии се различните видови од родот Bifidobacterium и Lactobacillus а посебно се корисни бактериите со млечна киселина поради нивната способност да го претвораат шеќерот (како и лактозата) и другите јаглени хидрати во млечна киселина. На тој начин овозможуваат ферментација, но и зачувување на храната со што се намалува pH вредноста и се спречува размножувањето на лошите бактерии.


Пробиотиците, а особено бактериите на млечна киселина, се присутни во традиционалните рецепти за јогурт, како и во кисела зелка, маслинки, леб од кисело тесто, па затоа и овие намирници се вреден извор на добри бактерии.
Сепак, од сите наведени намирници, јогуртот е најсоодветен за секојдневна употреба и со секој оброк. Напитокот кој оптимално влијае на цревната флора и придонесува за многу други функции во организмот е функционалниот јогурт Баланс+, кој докажано позитивно влијае на рамнотежата на цревната флора, доколку се консумира во препорачаните количини. Идеалниот внес на овој јогурт е 500 грама дневно. Неговата најголема предност во однос на другите намирници лежи во клинички докажаните ефекти, поради што е и една од првите намирници која и самите лекари ја препорачуваат за проблеми со варењето и бавен метаболизам и секако за нерамнотежа во цревната флора.