Во понеделник претпладне ќе има извесно зголемување на облачноста со услови за провејување на слаб снег во јужните делови, соопшти УХМР.
Потоа до среда ќе преовладува претежно стабилно и суво време, а во четврток се очекуваат локални врнежи од дожд и снег.
Утринските температури и натаму ќе бидат насекаде под нула, но поради зголемената облачност ќе бидат повисоки во споредба со оние од претходните два дена.