Убавината е во бакнежот во чело кој чува. Кој ја раскажува приказната што ја разбирате само вие двајца…



Не е убавината во убавината. Знам чудно звучи. Но не е.
Колку пати човекот кој го гледаш бил наизглед прекрасен, а внатре празен. Никаква топлина, длабочина, ни нешто посебно. Немој да мешаш изглед и привлечност. Привлечноста и посебноста некаде на друго место стојат. Во женственоста која од порите на кожата излегува, а на неа не мора ни трошка шминка да има. Од очите кои се смеат, без разлика каква боја се. Во рацете кои гушкаат, без разлика дали биле силни или обични.
Убавината е во бакнежот во чело кој чува. Кој ја раскажува приказната што ја разбирате само вие двајца.
Убавината е во начинот на кој се смее, во испреплетените прсти. Во бојата на гласот, во подршката, во добрината.
Убавината е во чувањето. Во манирите, во воспитувањето, културата.
Убавината е во она што го гледаш ти. Во тоа што никој друг не може да го види. Затоа чувај го тоа. Кога таква убавина ќе пронајдеш, чувај ја. Без на некого да му објаснуваш нешто.
Бакни ја таа убавина и чувај ја со тишина.

Автор: Дејан Велевски