Убава за само 5 минути: Едноставна утринска шминка



Утринската рутина за разубавување не би требало да трае долго, бидејќи со само неколку основни производи може да направите лицето да ви заблеска за помалку од 5 минути.


Коректор

Доколку сакате да ги скриете темните кругови под очите или некоја акна, одвојте 30 секунди за нанесување коректор.


Може да го користите под или над подлогата, но одберете ја вистинската нијанса. Наместо да го втриете, благо втапкајте го со сунѓерче или врвовите на прстите.

Тонирана крема


Доколку изберете квалитетна тонирана крема (ББ крема или новите КК креми), таа ќе ви го освежи лицето, покрие недостатоците и ќе ви ја негува кожата. Овие креми може да ги покријат акните, да ги намалат порите и да ги прикријат брчките и флеките на лицето, а полесни се од течните пудри.

Туш или сенка, изберете!

Кога се спремате за на работа нема потреба од сериозни акции врзани з шминката на очите.

Наместо комбинација на овие два производа, одберете само еден. Ако сакате поприроден изглед, одлучете се за сенка во природна боја, а ако сакате да ги истакнете очите нанесете тенка линија на туш на горниот крај на трепките.

Покрај ова уште еден слој маскара и очите се подготвени!

Руменило

Изгледот ќе го освежите со руменило, но видете сметка тоа да не изгледа пренападно. Тенок слој во боја која е само неколку нијанси поинаква од бојата на вашиот тен е се` што ви треба за свеж дневен изглед.

Сјај за усни

Краен детаљ од вашата рутинска рутина на шминкање нека биде сјајот за усни, кој може да го нанесете за неколку секунди.

Доколку сепак користите кармин, дајте си време и не брзајте, туку прво поминете ги краевите на усните со моливче, па потоа нанесете кармин што ви одговара.