Црната месечина ќе се појави оваа ноќ! Еве што не очекува вечерва



Црната Месечина ќе се појави на небото во петок 30 септември што пак многумина теоретичари го поврзуваат со апокалипса и второто доаѓање на Исус Христос.


Но да почнеме по ред.

Спектакуларна глетка на Црна месечина се доаѓа кога светлата страна на природниот сателит на Земјата ќе биде зафатена со нејзината сенка, па таа страна на Месечина не е возможно да се види. Овој феномен на небото се случува еднаш во 32 месеци, но овој кој ќе се случи во петок има специјално значење поради нешто сосема друго.


Првиот ден од септември донесе „огнен прстен“. Имено, месечината беше во рамна со Земјата додека Сонцето беше над Африка, па изгледаше дека Сонцето се затемнило. Тоа, плус, појавата на претстојната Црна месечина, кај поединци предизвикува голем страв и додава причина за загриженост.

– Овие знаци упатуваат на тоа дека Исус доаѓа. Се доближуваме до крајот на нашиот свет, како и крајот на целиот живот на Земјата“, пишува во една од теориите на завера. Кога овие два феномени ќе се поврза со Библијата тогаш поедини христијани и заговорници на теории на завери во тоа може да пронајдат извор на свои стравови.

Наводно, како што се наведува, Книга на Матеј поглавје 24:29 вели:

-Веднаш по тоа искушение тие денови Сонцето ќе се затемни, а Месечината нема да сјае, ѕвездите ќе паѓаат од небото, силите на небото ќе бидат растревожени“.

Научниците од друга страна тврдат дека причини за грижа и дека животот на планетата Земја ќе продолжи како и до сега, пишуваат од sreka.mk.