Целулитот може да биде фатален! Еве што не знаеме за него?!



Бактериската инфекција на кожата предизвикана од стрептококи или стафилококи, е позната уште како болеста целулит.


Полесни форми на целулит се токму од стрептококи и стафилококи, а потешките се предизвикани од бактерии стрептококус пневмонитис или вибрио вулнификус.

Тоа се случува кај луѓе со ослабен имунитет, кои претеруваат со алкохолот, дијабетично болни, домаќини со кортикостероиди препарати.


Симптомите се црвенило и затоплување во областа погодена од бактериите, оток, болка. Важно е да се знае дека при болеста мускулите не се напаѓаат, туку само кожата и ткивата кои се наоѓаат под неа.

Болеста во некои случаи може да биде фатална за организмот, со формирање на чирови и апсцеси и последователно и сепса.


Целулитот се среќава најчесто во долниот дел од телото и поретко во горниот и препоните области. Познати се различни форми на целулит.

Едниот од нив е еризипел, кој се карактеризира со појава на црвени дамки на кожата предизвикани најчесто од стрептококи.

Друга форма на целулитот е некротизирачкиот фасциитис. Кај него се стигнува до тешка инфекција на кожата. Причинители се стрептококи од А групата.

Третиот вид периорбитален целулит кој предизвикува болни и нервозни зони во пределот на очите. Тука постои зголемена температура и нарушување на видот. Важно е да се преземат итни мерки за да не дојде до трајно оштетување.

Ако инфекцијата влијае врз лимфните садови, се предизвикува гадење и потење како резултат на зголемена телесна температура.

Кон целулит на кожата се склони луѓето со дијабетес, со ослабен имунолошки систем и почесто се јавува кај доенчиња и постарите луѓе.