Целиот свет се восхити на 15 -годишната Јулија во Сочи (видео)



Целиот свет остана восхитен од претставувањето на 15-годишната Русинка Јулија Липницкаја на Олимписките игри во Сочи. Младата Катарина Вит ја совлада жестоката конкуренција и далеку поискусните ривали со уникатната комбинација од троен луц и тулуп, како и со прекрасни пируети.

15-годишната Русинка доби 72,90 поени, што е апсолутен успех за Русија во тимската трка. Не случајно ја нарекуваат Јулија ” вистинско чудо ” . Таа освои две меѓународни признанија минатата есен.


Медиумите низ целиот свет ја опишуваат како исклучително силна, напната и амбициозна. Нејзиниот тренер пак коментира дека ги исполнува своите задачи како возрасен, а не како дете.