Трогателна средба со своето „киднапирано чедо“ после 24 години: Душо моја, ми се врати



Кинезот Гуо Гантанг пред 24 години се соочил со вистинска животна драма кога криминалци киднапери му го киднапирале синот.


Детето кое тогаш имало само две години, го грабнале од дворот на семејниот дом во провинцијата Шандонг.

Полицијата успеала преку ДНК-тест да го открие идентитетот на синот, а за ова да се случи требало да поминат дури 24 години.


„Душо моја, ми се врати“, биле зборовите на мајката која не можела да се смири.

„Сега кога нашиот син е пронајден, може да биде само среќен“, порача таткото на момчето кое сега има 26 години.


За овој случај во 2015 година е снимен и филм во кој главната улога му беше доверена на Енди Лау, голема ѕвезда во Хонгконг.

Погледнете го видеото на следната страна:

Страни: 1 2