Трите најеротични знаци во хороскопот



Да расчистиме. Не се сите Стрелци мрзливи во креветот, ниту пак сите Шкорпии најжестоки кога ќе падне ноќ.


Но, сепак, ако се осудиме да зборуваме за натприродни сексуални моќи, тогаш припадниците на следните знаци сигурно би се издвоиле.


Шкорпија

Шкорпијата е Бог на сексот! Без дилема. Ако сте биле некогаш во врска со некој од припадниците на овој знак тогаш знаете за што станува збор. Имаат неодолива привлечност, огнени се и сексот им е на прво место. Дури и оние помалку убавите Шкорпии имаат изразена аура и моќ за манипулација која ја користат за да ја натераат другата личност да прави онака како што Шкорпијата сака.


И додека сфатите што се случува, веќе сте се заљубиле. Покрај силната привлечност, овој знак е лојален пријател, голем херој и полн е со самодоверба. Ако сакате да заведете Шкорпија, облечете се во црно. Сакаат уметнички души и помалку драматични.

Лав

Лавовите се неуморни заводници. Ги знаат сите убави места во градот, знаат да се забавуваат. Ако сакате убав помин, тогаш сигурно за друштво ви треба Лав. Лавот ќе ве опсипи со внимание, ќе ви подарува подароци, ќе направи се за да ве освои, е потоа следат неговите пет минути.

Бидејќи Лавовите прават сè поубаво од другите, на вас ќе остане да смислите предизвик со кој ќе го привлечете. Лавовите имаат насмевка која освојува, а понекогаш е доволно да ви ги покажат бисерните заби за да ве одведат во кревет. За да го освоите лавот, спремете многу ласкави зборови.

Рак

Нивното тајно оружје не е изгледот, ниту насмевката, туку хуморот. Исто така тие се најемотивниот знак и никогаш нема да ја заборават годишнината, роденденот или некој важен празник.

Нивна маана е што брзо го менуваат расположението. Обожаваат сексуални игри и фантазии, сакаат да се погруби, но знаат и за нежности. Ако ви се плаче, слободно, пред овој знак можете било што да правите. Тие уживаат во делење совети и утехи.