Ги мачи болка во увото, им растат запчиња, ги боли раничката од вакцина или ги мачи кашлање – ама сето тоа за мајките е многу едноставно…
Ако сте една од оние мајки чие дете одбива да испие лек за болест која му се случила, тогаш знаете колкава мака е да се гледа детето кое страда, не може да му се помогне и уште на крај морате лекот да го ставите длабоко во грлото за да не може да го плукне.
Навистина, има ли полошо од тоа отколку кога детето е болно?
Како да им се помогне кога не сакаат ниту природни приправки бидејќи, да бидеме реални, немаат баш убав вкус. Иако, би кажале, детските сирупи се баш фини, но кога се болни децата се често поинакви – кенкаат, загрижени се и необично, понекогаш даваат отпор токму кога најмнога сакаме да им помогнеме.
Да почнеме од бебешките болки како никнување на запче па до натечени грла, здодевни настинки и кашлање, воспалување на уво – за секоја од тие класични болести има по некој проверен трик како на децата да им се помогне на лесен, забавен и фин начин.
1. Заборавете на никнување на запче
Никнувањето запче е една од првите болки кои децата ја доживуваат и иако тоа чувство веројатно не е силна болка, тоа смета дека трае и трае и додека запчето не излезе, бебињата се нервозни, понекогаш имаат и зголемена температура, а разни масти кои ги има на пазарот траат онолку колку што им треба да ги проголтаат. Има и гумени играчки за гризење, но тие бргу се загреваат па немаат некое поголемо влијание.
Затоа тука се лажиците! Ставете во фрижидер неколку лажици, убаво да се изладат, па една по една давајте му ги на детето да ги гризе, смука, ги трие непцата. Комбинацијата на ладното и притисокот на местото што ги боли ќе ја ублажи болката и чувството на непријатност, што детето секако ќе ја препознае како добредојдена забава.
Текстот продолжува на следната страна