Три пати “да” на дремката во канцеларија



Дремката во канцеларија, со времетраење од 30 минути до 1 час, ја зголемува работоспособноста, помага на мозокот да се освежи во средината на денот и воопшто – има само позитивни карактеристики и ниту една негативна карактеристика.


За жал спиењето како целина има лоша репутација, особено кога е на работното место, бидејќи сонот, сметаат сите, е еминентна манифестација на мрзеливост.

Всушност сонот е важен за работата исто како храната и водата. Мозокот се затормозува и престанува да работи со максимална брзина некаде пред ручек.


Бидејќи не е вообичаено да се спие во канцеларија, сите се обидуваат да го потиснат проѕевањето и да ја вратат острината на умот со кафе, соковите и бесцелното прелистување на Фејсбук додека повторно дојде инспирацијата за работа.

Се разбира, не станува збор да се проспива целото попладне, туку едноставно да не се гледа со лошо око на некоја дремка на столот или затворање на очите на 10 минути.


И како последна поддршка на попладнедното спиење во канцеларија ќе спомнеме дека во некои од најуспешните компании во светот, како што се Google, не само што е дремката дозволена, но создадени се и секакви удобности за неа, вклучувајќи и специјални капсули за спиење.

Значи, она што го сакате – да поминете два часа во буден сон или да дремнете официјално 30 минути и потоа да продолжите со службените задачи?