Три најлоши причини да останете во врска



Соочете се со вистината дека врската во која се наоѓате во моментов не е добра за вас и во никој случај не останувајте во неа поради следниве три причини:


Тој е прекрасно момче

Комплиментот што секој сака да го слушне воедно е и еден од најчестите изговори поради кои остануваме во лоши врски. Фактот што некој е добра личност многу значи, но тоа не е причина да останеме со некој што очигледно повеќе не ни одговара. Ако е прекрасно момче, секогаш можете да се обидете да останете пријатели.


Не заслужува да го повредам

Прекинот секогаш ќе повреди некого, тоа е неизбежно, но ако останувате со некого само затоа што сакате да го избегнете тој дел, несвесно правите многу поголемо зло. Лицето што не сакате да го повредите веројатно многу полесно би живеело со фактот дека сте му раскинале, отколку ако останете со него од сожалување.


Се плашам да останам сама

Многу жени се плашат од самотијата, а токму тоа е она што понекогаш ни е потребно. Кога сме сами, дознаваме што сакаме, а што не, и така се проучуваме себеси. Подобро е да се биде сам, отколку да се биде заробен во врска што не функционира.