Три мали, но важни работи што мажот треба да ги прави во врската



Кога размислуваме за тоа што треба да има една успешна врска, секогаш набројуваме „големи“ работи


како меѓусебна привлечност, сексуална хемија, слични интереси итн. Така честопати, забораваме да ги спомнеме и „малите “ работи кои всушност понатаму ја одржуваат врската успешна.

Се разбира постојат многу од тие „мали“ работи, но овие три се сосема добар почеток. 


Внимателно слушање

Момци,ова е светиот грал на секоја врска. Сигурно сакате да останете на кауч пред телевизор после напорниот ден, а вашата љубов баш сега има потреба да ви каже за односите со колешката или како Манго ја утнале најновата колекција. Жал ни е, но ќе мора да слушате. На жените им е исклучително важно да слушате и


да учествувате во разговорот.
Секако ова правило не важи ако само се забавувате, но ако сакате работите да ги одведете во посериозни

води, подгответе си ги ушите.

Држење за рака

Сигурно многу од вас ќе се зачудат дека ова треба посебно да го нагласуваме, но ќе се изненадите.

Спротивно од врежаното мислење, вашите девојки не ве тераат да ги држите за рака затоа што тоа е слатко,

туку затоа што на тој начин им праќате важна порака.

Држењето за раце е силен знак на интимност помеѓу двајца, без разлика дали ќе се случи за време на водење љубов или додека одите по улица. Исто така, ако ја земете за рака во просторија полна луѓе, значи дека сте и посветен само на неа (а девојките напросто го обожуваат тоа)

Обраќање внимание на деталите

Оваа активност совршено оди со внимателното слушање. Еве пример: Започнавте да се гледате со девојка која низ обичен муабет ви вели дека не ја воодушевуваат црвени рози, затоа што се премногу обични. Овој факт

ви отвора многу можности да ја восхитите.

Може да и поклоните мини кактус на кој ќе пишува „Ни јас не лудувам по рози“. Доколку ви дозволува финансиската ситуација може да и подарите и Кензо Флауер, познат парфем во кој се наоѓа црвена ружа.

Важно е да бидете креативни и вашиот труд и внимание сигурно ќе бидат наградени.