Три чаши млеко на ден водат до ризик од развој на рак на јајниците



Факт е дека потрошувачката на млеко има и предности и негативности за здравјето на жените. Научниците се категорични дека овој пијалок може да ја намали веројатноста од кршење на коските, поради содржината на калциум.


Според едно ново истражување, сепак, секојдневната консумација на млеко може да го направи ризикот од прерана смрт поголем. Лекарите велат дека високите нивоа на лактоза и галактоза, откриени во млекото, можат да ги зголемат хроничните воспаленија во организмот, а тоа да доведе до развој на хронични болести. Истражувањето беше спроведено во катедрата по хируршки науки на Универзитетот во Упсала во Шведска.

Водечкиот истражувач – професор Карл Микелсен вели: „Нашите резултати можат да ги стават под прашање препораките да се консумираат големи количини млеко за спречување на фрактури.”


Професорот вели дека новите откритија сигурно предизвикуваат загриженост за потенцијалната штета од млекото. Диетата богата со млечни производи е широко препорачана за жените на средна возраст, со цел превенција на остеопороза.

Шведскиот тим од научници сепак, смета дека жените кои пијат по две и повеќе чаши млеко на ден, го зголемуваат потенцијалниот ризик да развијат рак на јајниците.