Трагедија во животот на Селин Дион – кога парите не можат да купат здравје



Знаете дека од здравјето нема поскапоцено. Парите не можат да купат среќа, туку само предмети. Кога ќе го изгубиме здравјето, сфаќаме дека токму тоа е извор за насмевки, спокојство и љубов кон животот, а не какво и да било друго.

Селин Дион е уште еден човек кој се убеди во тоа. Пејачката се бори со тешка драма во семејството – на сопругот му е дијагностициран рак на грлото.


Рене Анжелил се бори со предавничката болест и цела година неговата сопруга Селин се грижи за него.

“Тој не може да јаде сам, затоа јас го хранам по три пати на ден во цевка” дели Дион низ солзи.


Ѕвездата открива детали од приватниот живот за време на интервјуто со Дебора Робертс. Со солзи на очите, Селин зборува за маките на нејзиниот сопруг, и објаснува зошто цела година престанала со сите учества и јавни настапи.

Рене е 27 години постар од пејачката – тој има 73, а таа 46. Двајцата се во брак од 1994-та, а се заедно од 14 години пред тоа. Имаат три деца – 14-годишниот Рене Чарлс и 4-годишните близнаци Еди и Нелсон.