Традиционална крводарителска акција на Рамсторе



По повод 14. роденден на Рамсторе Македонија  и во насока на својата визија која има за цел да  превземе чувствителни активности кон општествтото,  во соработка  со Црвен Крст на Град Скопје и заводот за Трансфузиологија, денес (13 ноевмри) заедно со своите вработени   организираа крводарителска акција под мотото „Рециклирај се, Дарувај Крв„.


Дарувањето на крв за нас, е должност на секој човек и воедно како компанија придаваме огромно значење на општествено одговорните активности кои додаваат вредност на општеството во кое живееме. Би сакал да им се заблагодарам најпрвин  на тимот на  Црвен крст кој најсовесно ја извршува својата работа, на генералниот директор Г-дин Саит Саити и секретарот на Црвен Крст на  Град Скопје г-ѓа Сузана Тунева Пауновска, за нивната поддршка,   а потоа и на сите вработени и соработници кои беа дел од денешната крводаритлена акција  и ја покажаа својата хуманост,  изјави денес  Ајхан Узун-Генерален Директор на Рамсторе Македонија.

Ramstore

Би сакал да истакнам дека ние како Рамсторе ќе продолжиме да се вклучуваме во слични општествено одговорни проекти и веруваме дека секоја донација направена денес ќе биде корисна како за  нашето здравје така и  ќе им помогне на болните на кои им е потребна.


Ramstore

Исто така, посебно ни е драго, што токму  на овој историски  важен ден за Скопје, заедно со нашите вработени ја покажуваме нашата хуманост и како компанија и како личности.

Ramstore

Соработката на Рамстор Македонија со  Црвен крст на Град Скопје    се развива и во социјално-хуманитарната сфера што само ја истакнува посветеноста на компанијата за вклучување во општествено одговорни проекти како дополнителна вредност на општеството во кое живееме.