Топ моделите од целиот Балкан, пристигнаа во Сити Мол



Топ моделите од целиот Балкан, пристигнаа во Сити Мол и го погледнаа просторот кој е уникатно адаптиран за утрешното, прво модно шоу од светски калибар. Прекрасните момци и девојки го одзедоа здивот на Скопјани и Скопјанки, а и тие самите биле импресионирани од тоа колку убави луѓе здогледале на улиците и низ молот.


Васил, Ерик, Владимир, Радмил, Елисавета, Анелија, Иреана, Еми, Олга се дел од топ моделите кои ќе ја освојат пистата на утрешното ВИП модно шоу во Скопје Сити Мол. Последните подготовки на просторот се прават во моментов, а од молот најавуваат дека во текот на денешниот ден, се ќе биде подготвено за првата „rooftop” забава со која Скопје Сити Мол ќе го прослави својот втор роденден.

Програмата ќе започне од 20:00 часот, со екслузивното ВИП модно шоу, а ќе продолжи со забава со Кирил Џајковски и ТК Вондер, кога и ќе се отворат вратите за сите оние, кои ќе се расположени за добра забава.


Во прилог се екслузивни фотографии направени пред половина час, од просторот и од дел од моделите.