Една од нив е 9-дневната диета која ветуваше симнување на 5 килограми за помалку од 9 дена. Таа се состои од два дела, од кој во првиот дел се ставате на дводневната детоксикација и конзумирате само шејкови, кои ја заменуваат храната.
Вториот дел продолжува една недела, во која се земаат по два шејка и храна со 600 калории дневно.
Друга диета која ќе биде популарна оваа година е Ултима. Таа штити од натрупувањето на масти, ја зголемува мускулната маса и го намалува апетитот.
Режимот 80/20 е базиран на теоријата на економистот Вилфред Парето, според кој во многу области на животот, вклучувајќи и исхрана, има само 20% корисни, пишува МИА. Диетата се базира на правилото да се храниме здраво во 80% од времето, а во останатите 20% да си дозволиме штетна храна.
Третата актуелна во 2015 година диета е со зелено кафе. Таа е најпосакувана од голем број на холивудски личности. Се смета дека суровото кафе грав е богато со хлорогенна киселина, со што се намалуваат мастите, се намалува крвниот притисок и се регулира метаболизмот и нивото на шеќерот во крвта.