Топ 9 апсурдни секс закони во САД



Во новиот рејтинг huffingtonpost.com ги нареди 10те нај-апсурдни закони во САД, кои содржат секс забрани.


1.Во Масачусетс (САД) забрането е на жените да имаат секс со родео јавач, во присуство на коњите.

2.Во градот Александрија, Минесота забрането е на мажите да имаат секс со своите сопруги, ако имаат лош здив и мирис на риба, лук или кромид.


3 . Според законот во Колорадо, да се бакнува заспаната жена е забрането. Значи момци, ќе треба да најдете некој друг начин, за да ја разбудите.

4.Во Алабама против законот е човек да ја заведе жената преку заблуда, уметности, ласкање, или ветување за брак. А според правилата во Ајова, не смее ни да се намигнува убава дама.


5 . Во Арканзас прељубата се казнува со парична казна од $ 20 до $ 100, во Калифорнија со 1000 $ .

6 . Мустаќите се нелегални во државата Индијана, а брадата смее да се носи.

7 . Во државата Вашингтон забрането е на маж да има секс со девица, дури и во нивната прва брачна ноќ.

8 . Во градчето Ромбох, Вирџинија забранети се секакви сексуални акти и дејствија на светло.

9. Во Ејмс, Ајова нелегално е сопружниците да пијат повеќе од три голтки пиво додека лежат во кревет со жени.