Топ 10 замерки на тинејџерите до родителите



Американскиот психологот Барбара Гринберг, со секојдневна работа со тинејџери, дошла до заклучок дека постојат 10 работи што скоро на секој тинејџер му смета, а нивните родители го прават.


1. Тинејџерите се вадат од такт кога нивните родители ќе им кажат „Кога ти реков, ти не слушаше“

2. На тинејџерите им се стемнува кога за слабата оценка во училиште ќе им кажат на родителите дека сите имале слаби оцени, а како одговор ќе добијат:   „Не ме интересира за другите“


3. Нив посебно ги нервира кога родителите ќе почнат да ги споредуваат со нивните браќа, сестри, другари (Види како ____ може да направи ______, а ти не можеш?

4. Кога родителите ќе почнат да ги фалат јавно пред сите и со претерани зборови – тогаш ним им доаѓа да пропаднат во земја од срам.


5. Кога родителите сами си донесуваат претпоставки за нивните можни постапки, кои не се вистинити.

6. Кога ќе го слушнат „аргументот“ во расправија – „Јас сум родител, ти ќе ме слушаш. Овде јас одлучувам“

7. Кога родителите ќе почнат да ги критикуваат другарите/другарките на тинејџерот.

8. Ситуации кога родителите автоматски си предвидуваат дека нивното дете нешто ќе направи и поставуваат нереални очекувања.

9. Кога родителите им се јавуваат на секои 5 минути за да ги проверат што прават.

10. Кога родителите ги прислушкуваат нивните разговори по телефон, сакаат да прочитаат SMS пораки или chat од Фејсбук / Viber, чепкаат по џебови и не дозволуваат никаква приватност, мислејќи дека така ќе го заштитат детето.