Тој не те сака за пријател: Еве како да дознаете кој ве избришал од пријателите на Facebook



Секогаш е вознемирувачко да побарате стар пријател на Facebook и да дознаете дали ве отстранил од пријателите.


Соодветно насловено Who Deleted Me (во превод од англиски: “кој ме избришал”), програмата функционира како мобилна апликација за оперативниот систем Android и iOS или како додаток кон прелистувачот Google Chrome.

Исто како апликацијата за Twitter – Who Unfollowed Me, програмата ви покажува дали некој човек ве отстранил од листата на пријатели, или едноставно го деактивирал акаунтот.


Who Deleted Me сепак го пресметува бројот на контактите кога ќе ја преземете апликацијата. Затоа нема како да дознаете од него за изгубените претходни пријателства, туку само за оние кои се случиле откако сте се регистрирале.

Како дополнителен бонус можете да видите и кога последен пат пријателите се логирале во социјалната мрежа.