
Автор: Оливера Ширговска
Се омажи ..
Со сиот тој луксуз . Дента светеше како лампион … Ред насмевка, ред бисери околу вратот…Бисерни обетки и свилени трепки го красеа лицето ..Косата слободно и паѓаше долж голите рамења , а сандалите го красеа одот ..Дента наликуваше на принцеза од бајките , раскошна убавица на која можеа да позавидат..
Тој..Младото момче се гордееше со неа , ја сакаше искрено со целата своја душа… Се’ правеше за неа , го разбираше нејзиниот поглед , и правеше се ‘ ..За нејзината преубава насмевка …Речиси изминаа неколку месеци од свадбата , но страста што ја имаше на почетокот веќе ја немаше како порано ..Убавицата се ‘ повеќе се оддалечуваше од семејниот дом , се’ повеќе беше ничија отколку негова …Тој продолжи со навиката да и подари цвет за в коса, само што таа сега го фрлаше в корпа , наместо да го стави во прамените. И засмета неговата просечност , тоа што тој беше толку едноставен , а насмевката секогаш ја имаше ..Тогаш кога таа ќе се појавеше ..Ја чекаше да си дојде од работа ..Ја чекаше како капка дожд во пустина , да ја засити жедта за неа ..Толку многу ја сакаше ..Беше едноставно скромно момче од соседството , а нејзи таа негова особина и засмета …Започна да трага по дива и разуздана страст … За да го засити своето крвожедно его ..Веќе почнаа да се менуваат партнери …Еден , два , три ,…Бесконечно долги ноќи , во кои таа се чувствуваше како кралица ..