Loading...

Тие укажуваат на среќа и несреќа: Кое е значењето на Марс, Венера и Меркур во астрологијата?


МАРС – планетата на витална енергија

Управува – Овен
Самоуправува – Шкорпија
Егзалтација ( Возвишува )- Јарец
Заточение – Вага, Бик
Пропаст – Рак
Знак – штитот и копјето на Марс, Богот на војната
Симболизира – акција, агресивност, импулсивност и иницијативност
Клучен збор – енергија
Анатомија – мускулен систем, надворешни репродуктивни органи, глава и лице, црвени крвни клетки, моторни нерви, мочен меур, надбубрежна жлезда.

Управува со животинската природа, желбата и сексуалниата енергија. Покажува амбиција, сила, моќ, структура, работа, борба, натпревар и смрт.  Раководи со хирургија и операции, оружје, војна, инциденти, отоци, рани и  изгореници, насилство, топови, железо и челик.

Во античките времиња планетата е позната како “малиот злосторник”. Дејството на Марс е ненадејно, претенциозно и деструктивно. Марс може да биде искористен деструктивно и жестоко во битка или охрабрувачки во покажувањето сила. Местото на Марс во хороскопот е таму каде што се шири најсилната енергија.

Со право го има заслужено прекарот  даден уште од древните времиња “малата несреќа”.  Марс посочува дека ние самите си создаваме проблемите преку прекумерна активност, острина и агресивност. Оваа планета ги привлекува конфликтите и контроверзиите, создава опасни и напнати ситуации.

Марс ни укажува дека за несреќата  што не следи ние самите сме си виновни, како што и самиот народот вели “сам си го направи”.  Тој не советува дека против овие несреќи можеме да се бориме само преку самоконтрола и самодисциплина.

Страни: 1 2 3 4