Тие дојдоа на светот фатени за раце – Погледнете како изгледаат денес!



Пред повеќе од две години фотографијата на близначките кои се родија држејќи се за рака, го обиколи светот.


Џена и Џилијан Тистлетвејт од САД се родени со царски рез во мај 2014 година како моно-моно близнаци, односно тие биле во амнионска кеса што се случува еднаш на 10000 бремености. Она што целиот свет го дозна за нив е дека се родени држејќи се за раце, а и во следните 6 месеци тие се уште не се пуштале една од друга.

– Тие останаа многу силно приврзани една кон друга и секогаш се бараат, вели мајката и додава: „Никој не смее да ги раздели, ако некој се обиде тоа да го направи, тие веднаш се расплакуваат. Толку се исти, што само поголемиот брат може секогаш да ги разликува …“


Погледнете како изгледаат овие принцези денес: