Тибетското чудо – гоџи бери



Уште од антиката растението гоџи бери е високо ценето и наоѓа широка примена во кинеската традиционална медицина. Првите податоци за плодот датираат од земјиштето на Тибетските Хималаи и Северна Кина, каде што бил одгледуван уште во 5000 година п.н.е.


Денес најмногу плантажи се наоѓаат во Југоисточна Европа и Азија. Во Кина овие мали црвеникави плодчиња се познати како храната на стогодишниците.

Плодовите на гоџи бери се користат за подготовка на голем број десерти. Тие се карактеризираат со сладок вкус, а прецизната нивна структура овозможува да се берат само рачно. Најдобро е да се консумираат свежи, но поради чувствителноста и мал рок на траење во свежа состојба тие се сушат (почесто на сонце) или се ставаат под механичка дехидрација со помош на топлински протоци.


Освен што се јадат сурови, плодовите се конзумираат во форма на сок, па дури и вино, се запаруваат како чај или се подготвуваат како тинктура. Можете да ги комбинирате со мусли, овес, јогурт, супи, салати, колачи, кремови, колачи или десерти од гриз.

Препорачаната дневна доза е околу 30 г (не е погоден плод за деца под 5 години). Со тоа минимално количество сепак нашиот организам набававува повеќе витамин Ц од портокалите, повеќе бета каротин од морковите и повеќе железо од порција црвено месо.


Во составот влегуваат доста витамини од групата Б, витамин А, антиоксиданси, полисахариди, аминокиселини, магнезиум, бакар, фосфор, јод, калиум, калциум, цинк, селен и никаков холестерол. Во 100 грама плод се содржат 82 калории.

Комерцијално кај нас можете да го најдете најчесто во исушен вид. Ова древно растение помага за зачувување на младиот изглед на кожата, дејствува превентивно против кардиоваскуларни, хепатални и бубрежни проблеми, го зајакнува имунолошкиот систем, го подобрува метаболизмот и видот, го намалува целулитот, го прочистува организмот од токсини и е погодна храна за астма, дијабетес, чир, висок крвен притисок, голем број на алергии, замор, несоница, замор, тинитус и др.

Типичен за кинеската традиционална медицина е чајот, кој се подготвува од лисјата на растението и од кората на неговите корени. Тој има својство да го инхибира дејството на патогени бактерии и габи, а новите истражувања покажуваат дека редовната консумација може да го подигне машкото либидо.