Ти бе смотан, свари и кафе сабајле, шо, да не ти падне чинот ?



Не ја повторувајте грешката на многуте парови кои дозволиле монотонијата да ги сотре. Прајте си ја врската интересна и забавна. Не зборам за големи работи. Ситници. На пример петарда у џеб од сако, бубашваба под нејзиниот јастук… добро не ова де, ама ме разбирате нели? Внесете во врската страст и иновации. Идеи. Вложете малку. Дека никој ништо не мора, ОК? Луѓето најубаво ги прават работите кога сакаат, а не кога мораат.


Ти брат, ако си ја ќарил, не значи дека ќе остане твоја. Мора да ја шармираш и освојуваш нон-стоп.

Ти систер, ако веќе си го скротила, не значи дека нема да здиви пак. Окото сака убави погледи, рацете сакаат нежни допири (од грубите нежни, знаете тоа). Прегратки од силните. Не млитаво бе да му се невиди! Ушите не се створени да слушаат навреди и дерење.


Ти бе смотан, свари и кафе сабајле, шо, да не ти падне чинот? Легни и у скут и збори и колку ти е посебна. Кажи и дека ти е кислород. Стај на страна нешто паричка и купи и нешто.

Ти систер, отвори го тој скапан јутјуб и види од тие мал милион рецепти, па изненади го со нешто егзотично. И научи некоја лекција трбушен плес, шо, знаеш колку принцези го праат тоа? Напрај го зависен да биде од твоите лудории и егзибиции, и никогаш нема да помисли на друга.


Сакајте се бе, сакајте се.

Автор: Драган Таневски