Тестови за бременост за употреба во домашни услови: што треба да знаете!



„Дали сум бремена?“


Многу жени во текот на својот живот биле или се во позиција кога си го поставуваат ова прашање. Најчесто, овие периоди се пропратени со голема неизвесност, исчекување и вознемиреност. Заради желбата да се дознае одговорот на прашањето, што е можно поскоро, жените посегнуваат по употреба на тест за утврдување на бременост во домашни услови.

Притоа секогаш се прашувате, колку овие тестови се точни? Дали може да верувате на резултатот? Како функционираат и дали е важно каков тест ќе користите?


Во овие моменти на неизвесност и исчекување, последното нешто што е потребно е дополнителен стрес поврзан со тоа кој тест да го направите и дали тој ќе ви ги покаже вистинските резултати. За да бидете сигурни дека сте направиле нформиран избор, ние  подготвивме низа  информации со цел да ги деместифицираме тврдењата околу домашните тестови за бременост.

Првото нешто, што треба да го знаете е:


Што се случува во вашето тело за време на можна бременост?

По сексулаен однос, при оплодувањето на јајце клетката, следи вгнездување на истата во ѕидот на матката. Обично за половина до две третини од случаевите, овој обид ќе биде успешен. Ако оплодената јајце клетка се вгнезди во ѕидот на матката, тогаш телото ќе почне да се припрема за да го задржи плодот, при што се формира плацентата, која е од голема важност за раст и развој на ембрионот.

Имено, со самиот процес на креирање на плацентата ќе започне излачување на хормонот – човечки хорионски гонадотропин кој е многу важен за одржување на бременоста. Овој хормон е исто така познат по кратенката HCG. Улогата на HCG е да му сигнализира на телото, т.е на  матката дека е време да се подготви за бременост, како и да го задржи ембрионот за време на бременоста.

Кај жени што не се бремени, нивото на HCG е минимално. Во реалноста, човечкиот хорионски гонадотропин започнува да се произведува (и вредностите се зголемуваат) само во два случаи:

  • Бременост
  • Менопауза

Кај некои жени во менопауза, нивото на HCG се зголемува. Важно е да се напомене дека во вториот случај, во случај на менопауза, вредностите се разликуваат од оние за време на бременоста.

Откако ќе започне лачењето на овој хормон, вредностите на HCG се зголемуваат со молскавична брзина. Хормонот почнува да навлегува во крвотокот и урината, а неговата концентрација се удвојува на секои 48 до 72 часа, достигнувајќи го својот врв околу 12-тата недела. Обично набргу потоа неговото производство почнува да забавува — тој веќе си ја завршил работата.

Сето ова е многу интересно, но каква врска има со тестот за бременост?

За да одговориме на ова прашање, треба да го поставиме следново прашање:

Како функционираат тестовите за бременост?

Можеби ќе бидете изненадени, но првите тестови за бременост се појавиле пред речиси 100 години. Во 1927 г. двајца германски научници — Ашхајм и Зондек — ја откриле врската помеѓу хормонот HCG и бременост, па така тие први работат на оваа тематика  и ги развиваат првите тестови за бременост во светот.

Се разбира, тогашните тестовии постапката со која се правеле  се многу далеку од современите тестови што ги познаваме денеска. Биле правени низа тестирања како  инјектирање урина во глушец, по што на животното се извршувала дисекцијаза да се согледа што се случува во  телото на глушецот. Последователните обиди за подобрување на постапката биле исто така доста бавни и вклучувале тестирање врз животни (жаби), слично на погоре споменатата постапка.

За среќа, денес не се извршуват тестирања со помош на животни и можеме да сметаме на многу побрзи, попрецизни и поефикасни тестови.

Првиот прототип на тест за бременост за домашна употреба се појавува во 70-тите, кога веќе тестовите можеле да покажат бременост две до три недели по оплодувањето или неколку дена по доцнењето на менструалниот циклус. Нивното подобрување продолжува и во наредните децении, со главна цел да се постигне максимална чувствителност на тестовите и, се разбира, лесно да се користаат.

Благодарение на технологијата која користи антитела на HCG (и реактивните молекули кои ги обојуваат тест лентите), сè што ви е потребно денес за да утврдите бременост се 3 минути во комфортот на вашиот дом и тест за бременост кој може да се направи во домашни услови.