Тесни ми беа чевлите, погледнете што направив за да се рашират



Штотуку купивте одлични нови чевли, и веќе ви се тесни? Сигурно се прашувате како да ги проширите за да ви стане попријатно и да не ги повредите своите стапала?


Наполнете 1/3 од обемот на пластичната кеса со вода, по што внимателно ќе ја ставите во чевелот, но внимавајќи да не се прелее водата. Ако е потребно, дотурете уште количество вода, за да се пополни убаво внатрешниот дел и затворете го добро.

Направете го истото и со втората чевла. Ставете ги во замрзнувач и почекајте до следниот ден.


Водата ќе замрзне и ќе го прошири обемот и на тој начин ќе ги прошири и обувките кои ве стискаат.

Следниот ден извадете ги од замрзнувачот и почекајте најмалку 20 минути пред да се обидете да ги извадите замрзнатите кеси од чевлите, затоа што во спротивно може да ги оштетите.