Температурите пак паѓаат! Вадете ги долгите ракави



Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со услови за локален дожд во претпладневните часови. Рано наутро е можна ретка појава на грмежи.


Попладне ќе настапи разведрување. Ќе дува умерен, а повремено засилен северен ветер.

Температурата ќе се движи од 19 до 27 степени.