Тажна животна приказна: Кога би го вратила времето …



Не само сакам да се тука, сакам да ги видам, да ги прегрнам, би им кажала колку ми требаат и колку ми значат.. и, повторно не можам, никогаш не можам.

Зошто јас сум казнета вака? Затоа што сум себична? Не ми треба мене живот.

Се прашувате што беше потоа? Бев полнолетна да, не сакав од никој грижа ни подадена рака, бев горда, го отфрлив од себе и Стефан, ме преколнуваше да биде покрај мене, ме молеше да не го оставам, ме молеше и ми кажуваше колку ме сака, ме молеше да ми помогни, ме молеше да биде со мене тие денови, секогаш, мислев дека само ме сожалува.

Тонев, тонам… јас сум титаник, титаник е мојот живот… пловев и наеднаш големата карпа ми одзеде се мило, нема смисла да живеам. Сега само седам на стариот кревет одвоена од светот и пишувам глупи страници во големи дневници, сакам да потонам со тагата, ни тоа не можам.

Зошто оставив никој да не ми помогне? Зошто сум толку горда и себична? Жал ми е, сека сфаќам колку ми е жал за се. Но јас ништо не можам да вратам назад, го молам тој горе кој ми зеде се да ми даде шанса да вратам се назад на 14 јануари, ќе се сменев, ќе станев подобра, ќе бидев добра, ќе знаев.

Затоа сега, кога веќе го читаш ова само едно би ти посакала читателу: Никогаш да не доживееш што доживеав јас, живеј со луѓе, сакај и кажувај го тоа, кажувај на глас, никој нема да ти се смее, кој ќе се насмее значи дека е загубен во лавиринтот во кој не знае што е живот, значи дека е каква што бев јас, но јас немам сега на кого да му кажам те сакам, кого да прегрнам и кој да ме утеши, јас отфрлав се, живеам сама, не го прави тоа и ти, живеј со сите кои ги сакаш, поминувај го секој миг со нив, не пропуштај ништо, живеј го денот денеска со тие кои ти значат – не оставај за утре затоа што можеби нема да ги видиш а денот денеска никогаш нема да го вратиш назад. И уште еднаш не го затворај срцето – тоа е клучот на среќата, не затворај врати пред оние што ти значат – тоа е чекор кон бунарот на тагата, не сакаш да тонеш со мене во него, не биди горд и кажувај те сакам, викај на цел глас – тоа е клучот на чистата љубов… Јас немам време, поправи ги ти своите грешки – тоа е чекор кон успехор и радоста.

Живеј, сакај, покажувај им на сите колку ти значи што се дел од тебе.

Извор

Страни: 1 2 3