Тажна животна приказна: Кога би го вратила времето …



Целиот свој живот го поминав со мајка ми и сестра ми, татко ми никогаш не го ни запознав, починал кога сум имала 2 години, зарем можам да се сеќавам на него? Не, знам. Но за мајка ми и сестра ми би го дала и својот живот, би дала се, би вратила се, би направила се… не можам ништо, знам.

Ова е моја приказна, приказна за пеколните 2 месеци од мојот, од далеку брилијантен, живот. На почетокот можеби и изгледаа брилијантни. Тогаш сакав, мислев дека можам се, никогаш не сум се чувствувала така, го запознав Стефан, мислев дека само јас сакам но сум се лажела, двајцата сакавме… и секогаш тоа што е убаво кратко трае, трепнав снема се, се потона во неповрат, јас згрешив, за него јас згрешив. Зошто помислив да сакам кога за мене не е тоа? Зошто сакав кога никој и ништо не ме тераше? А сепак имаше некој и нешто, не е важно, се снема, се што јас допирам потонува, го снемува.

Пак викате дека сум себична и како можам да се жалам кога сум го имала тоа што некој со голема желба го бара?

Ех……………

Беше јануари, најужасниот месец, кога ќе го видам во календарот пробувам да го искинам, да го нема, да го избришам, да вратам се… и, пак не можам ништо.

Беше негде на средината на јануари, беше 14 јануари, утро, лежев сама пред каминот, мајка ми и сестра ми заминаа уште минатата ноќ кај дедо ми кој беше в болница, имаше мали проблеми, мене ме оставија затоа што не ми беше добро, им ветив дека ќе појдам со автобус следниот ден, имав некое чудно чувство, заѕвона мобилниот го кренав набрзина, тоа беше Стефан, зборувавме повеќе од половина час, ми кажа толку убави работи, таков беше тој, бевме различни, јас бев таа дивата тој беше романтично момче со сјаен поглед, спротивностите се привлекуваат, така се смееше сестра ми со нас кога ќе не видеше… ах сестра ми… тогаш заѕвона домашниот телефон, му прекинав на Стефан и ја кренав следната слушалка… ми застана срцето, знаев дека нешто се случило, тоа беше вујко ми, не рече ништо освен тоа дека треба да разговараме и дека ќе дојде да ме земе да не излегувам од дома, како да ми падна мрак пред очите, се здрвив, го прашав што се случува ми рече е се видиме ќе ти кажам, криеше нешто…седнав до прозорецот и солзи ми капнаа од очите, се прашував зошто… помислив дека можеби му станало нешто на дедо ми, потоа се запрашав зошто не се јави мајками, помислив дека и е тешко затоа не можела да зборува… но зошто не се јави сестра ми… тоа беше моето второ прашање, затреперив, не можите ни да замислите како се чувствував, мрак, темно, ладно, се ми беше измешано.

Седев така половина час, стигна вујко ми, ме прегрна цврсто, нозете не ме држеа, паднав пред него и извикав “Мајка ми! Каде е?”……….. неговата прегратка стана уште поцврста.

Знаете што се случило? Имаше невреме, снежно невреме, мајка ми загубила контрола над автомобилот, излетале од патот.
Зошто јас не бев во тој проклет авотомобил таа вечер? Зарем мораше да останам дома и сега да живеам во пекол? Ах, и кога би влегла во колата само јас би го преживеала тој пад, за да страдам, родена сум да страдам.
Како ми беше? Не знаете, не ни викајте дека можете да замислете, никој не може.

Ја загубив мајка ми, ја загубив а таа вечер не и кажав ни колку многу ми значи, ни колку многу ми помогнала, ни колку многу ја сакав… себична сум, лоша сум, никогаш не ги викав тие зборови, не леев емоции, се каам, ужасно е, потребна ми беше, и сега ми е.

Останав само да ја гледам сестра ми како беспомошно и падната во кома лежеше на белиот кревет, не плачев ни пред неа, ни неа не и кажав ништо топло, зарем ќе ја вратев? Прекасно ги поставувам овие прашања.

Сестра ми не се разбуди, на два месеци откако ја ставивме мајка ми во црната земја ме напушти и сестра ми. …….Сега себична сум?

Текстот продолжува на следната страна

Страни: 1 2 3