„Едно утро слегов по скалите и ја видов мојата 17-годишна ќерка како спие на кауч во друштво на момче после заеднички помината ноќ“, вака ја започнува својата исповед еден татко од Русија на интернет страницата Реддит.
За овој руски татко поимот татковство подразбира многу повеќе, вклучувајќи и емоционална поддршка во ситуации кога би посакале да реагирате на негативен начин.
– Тивко подготвив доручек, ја известив сопругата, помладата ќерка и синот дека имаме гостин, а потоа на цел глас извикав: „Момче, доручекот е готов. Никогаш не сум видел некој толку брзо да се пробуди“, пишува овој руски татко.
И покрај се`, овој татко одлучил да седне со дечкото на ќерката, да јаде доручек и да поразговара.
„Тој беше многу допадлив и пријателски настроен дечко. Очигледно необразован, но не глупав. Имаше нешто чудно во врска со него. Мојата ќерка ме убеди дека е многу љубезен и внимателен. Во тој момент го знаеше околу месец дена. Секој ден доаѓаше по неа со мотор за да ја однесе на школо, но повеќе никогаш не преноќи“, додава таткото.
„Ми кажа дека нема семејство, образование и постојана работа. Мојата ќерка го обожава. Тој ја обожава неа. Се запрашав: кој сум јас да ги спречам?“
Страни: 1 2