Таневски: Оние што те сакаат, може и да не ти се јават со денови. Може и цела недела да помине без да се видите…



Оние што те сакаат, може и да не ти се јават со денови. Може и цела недела да помине без да се видите. Но тоа нема да смени ништо помеѓу вас. Таа љубов е запечатена, врежана во вашиот генетски материјал. Знаеш дека те сакаат. Знаат дека ги сакаш. Мислиш на нив дури и кога не мислиш на нив. Не ти е логично тоа? Еден дел од тебе постојано се занимава со тие што вистински ги сакаш, па дури и кога останатиот дел од мозокот се занимава со нешто сосема друго. За разлика од нив, оние што имаат некаква корист од тебе, ќе гледаат да одржуваат редовни контакти со тебе. Многу им е битно да ти останат на површината на свеста. Да ти останат во видокруг, за да не ги заборавиш. Дека ти си за нив изворче на некои за нив битни нешта. Нема вистински чувства меѓу вас, но тие тоа го надоместуваат со постојано присуство во твојот живот. Но во првиот момент кога ќе ја изгубиш позицијата или што и да е тоа од кое тие имаат корист, веднаш исчезнуваат. Тие се како тенка позлата врз евтина бижутерија. Малку нешто да зашкрипи меѓу вас, малку да зажеже, веднаш се појавува евтината пластика. Пластика. Најобична пластика. Ама оганот ќе покаже. Знаеш, после оган, златото станува почисто. Пластиката… што да ти кажам. Знаеш што се случува со пластиката после оган.
—-
Комплет Колекционер 1-5
Во сите поснабдени книжарници
Или со онлајн нарачка
999 со достава до дома