Многу ме нервира кога ќе слушнам “таа и таа” ни ја упропасти врската. “Тој и тој” ни ја упропасти врската. “Тие и тие” ни ја упропастија врската. Не ја вреѓате и омаловажувајте љубовта така. Дека љубовта кај што ќе залепи, ниеден човек не може да одлепи. Таа каде што ќе забетонира, ниеден човек не може да сруши. Значи ако се упропастила, таа врска била безљубовна.
Автор: Драган Таневски