Таневски: Има ли воопшто живот на планетава?



Маските на рамнодушноста денес се во мода.
Едни ги носат за да ја замаскираат тагата. Затоа што не се предаваат. Затоа што се борат. Затоа што скршените и тажните никој не ги сака денес. Сите бегаат од нив како од чума. Тагата мириса на плен, а грабливците си ги острат канџите и секогаш се спремни за напад.
Други носат маски на рамнодушност за да ја замаскираат среќата. За да не им ја земат. Дека денес, ако сјаеш, луѓето ќе направат се за да те угаснат. Сјајот им пречи. Им блешти во очи. Ги потсеќа на нивниот мрак.
Маските на рамнодушноста денес одат како алва. Ги гледаш насекаде околу себе. Празен и далечен поглед, израмнети усни, стерилни движења, безизразни, пеплосани и вкочанети лица – како на мртовци…
Па си размислува човек – има ли воопшто живот на планетава?
—-
Автор: Драган Таневски
Колекционер 1-5
999 ден со достава