Таа, смотаната…
Такво е срцето брат… Ќе му се прошетаат пред нос убавици, се која од која полични, побујни, подотерани, понамирисани, понакитени, а оно ќе си се загледа у онаа жгољавката, трапавката, смотанката… И другите ќе го погледнат, ама само со очи, а така не се гледа добро… Ама таа ќе го погледне поинаку, некако со содржина. Ќе го погледне ти велам кратко и срамежливо, па веднаш ќе поцрвени како булка и ќе бара дупче у асфалтот кај да се сокрие. А кај ќе се скрие сиромашката. На љубовта зарем некој и се скрил? Такво е срцето брат… ретко се случува да види тоа што си е негово, ама кога ќе го види, си го препознава, и после си го бара. Па нека е и трапаво, смотано и жгољаво. Важно негово си е. Парчето што му фали. Парчето што единствено го прави цел. Не знам да кажам зошто е така, не знам да кажам. Едноставно срцата се таков табиет.
Автор: Драган Таневски