Таксират Фестивал ја подготви досега најдолгата и најбогата културна ТВ програма



Музичката конференција ПИН која е дел од фестивалот Таксират, се адаптираше на сите протоколи и за неполн месец ја подготви најголемата културна телевизиска програма – ПИН ТВ!


Културниот маратон спакуван во ТВ формат, на 13-ти декември премиерно се емитуваше во повеќе од 40 држави, а реакциите од цел свет се мега позитивни! Скромно ќе се пофалиме дека неофицијално ја нарекуваат фестивалска и културна програма на годината.

Едукативните панел дискусии, концерти и бројните забавни содржини, преку социјалните мрежи ги следеа стотици илјади гледачи низ целиот свет.


ПИН ТВ се изработи со цел да ги документира сите случувања во музичката индустрија во изминатите месеци, а преку својата богата програма ја докажа важноста на индустријата која е една од најпогодените од пандемијата.

Во тек на 13-часовната програма, претставници од најголемите фестивали, агенции, компании, промотери, букинг агенции и изведувачи дискутираа на најважните теми од музичката индустрија: како се дефинираат хонорарите, ПР и маркетинг, односот на надлежните институции и Европската комисија кон индустријата, работата на музичките експорт бироа, иднината на фестивалите, музичка технологија..