Тајните за совршена фигура на моделите на Victoria’s Secret



Моделите на Victoria’s Secret се вистински симбол на убавина, грациозност и сексапил. Милиони жени во светот сакаат да личат на нив и уште толку мажи сакаат да бидат со нив.

Ангелите на Victoria’s Secret се едни од најпосакуваните жени на светот, но треба да знаете дека тоа им претставува премногу напор и труд.


Натприродните нивни форми се плод на исклучително сериозни тренинзи и почитување на строга исхрана. Еве некои од нивните тајни:

Адриана Лима


Најпопуларниот ангел на брендот за долна облека одржува совршена форма со разновидни вежби. Таа вежба Капоера која е исклучително популарна во нејзиниот роден крај во Бразил. Всушност Капоера е вид бразилски воен танц кој бара многу сериозна физичка подготовка и го оптоварува сериозно цело тело.

Алесандра Амброзини
Убавицата вели дека ги избегнува здодевните вежби во теретана и претпочита колективни и забавни спортови – одбојка, сурфање и сноуборд се меѓу нејзините омилени. Покрај тоа, таа страшно многу сака да танцува самба. На овој начин Алесандра успева да ја одржува одличната фигура и да влезе брзо во форма, откако стана мајка!

Датсен Крус
Холандскиот супермодел тврди дека е склона кон дебелеење и совршената форма ја одржува со помош на исцрпувачки вежби во фитнес салата, кои задолжително завршуваат со продолжено скокање на јаже!

Хајди Клум
Таа вели дека нејзината тајна лежи во целогодишното почитување на строгата исхрана и тренинг режимот. Хајди треба малку повеќе да вежба од своите млади колешки, но продолжува да изгледа совршено дури по раѓањето на 4 деца!

Ако сакате и вие да изгледате како ангелите на Victoria’s Secret, прочитајте ги советите на личниот фитнес инструктор на девојките – Ник Мичел! Тој ги советува дамите да ги почитуваат петте основни правила, ако сакаат да имаат витка и секси фигура.

Еве ги неговите препораки:

– Пијте многу вода! Треба да пиете најмалку по еден литар за секој 25 килограми од тежината.

– Кога сте гладни – пијте диетални газирани пијалаци! Тоа не е најздравиот начин, но всушност помага. Не грижете се дека ќе го прекршите режимот – ако почитувате строга диета, тогаш еден газиран пијалок нема да ви влијае на било кој начин.

– Хранете се редовно. Не пропуштајте оброци, со цел да го забрзате процесот на слабеење. Така побрзо ќе си наштетите отколку да се постигнат своите намери.

– Да го почнеме денот со квалитетна здрава ужинка.