Тајните на семената течност



Проблемите со плодноста се показател и за крвниот притисок, кожата, хормоните, крвните садови. Ова го напиша “Дејли мејл”. Во принцип познато е дека неплодните мажи умираат порано од останатите и почесто страдаат од срцеви заболувања.

Професорот Мајкл Аjзeнберг од Универзитетот Стенфорд во САД изјави: “15% од паровите имаат проблеми со плодноста. Во половина од случаите проблемот е во нискиот квалитет на семената течност. И такви мажи задолжително треба да бидат проверени за присуство на други болести”.

Специјалистите се убедија во тоа, анализирајќи ги медицинските картички на 9387 мажи на возраст од 30-50 години. Анализата го опфаќа периодот од 1994 до 2011 година. Тие сакале да разберат што е причината за неплодноста.

Научниците добиле податоци за обемот на ејакулацијата, концентрацијата и подвижноста на сперматозоидите. Во 50% од случаите проблемите со неплодноста се поврзани со аномалии на сперматозоидите.

44% од мажите имале дополнителни проблеми со здравјето, најмногу со циркулацијата – хипертензија, васкуларни аномалии, болести на срцето.

Притоа, анализата покажа загрижувачки знаци кај релативно младите мажи.

Со зголемување на дефектите на семената течност растеше и ризикот од болести на кожата и хормонални нарушувања. Ова не е изненадувачки.

Околу 15% од гените се поврзани со репродуктивната функција на организмот. И повеќето од гените на оваа група се важни и за други функции на организмот.