Тајните на огледалото



Од памтивек огледалата се користат, не само за да се огледува во нив. Тие служеле за гатање и магии.


Примамливо и интересно е да гледаме во огледалото, но навистина ли е безопасно? Околу огледалата постојат повеќе суеверија.

Еве некои од нив:


Нашите претци сметале дека ако неправилно и невнимателно се постапува со огледалото, тоа може да ни донесе несреќа.

– Не се препорачува често да се восхитуваме на одразот – огледалото ги зема виталните сили. Според народното верување особено опасно е да се гледаме во огледалото кога осветлувањето е лошо – слабо светло на свеќи, во самракот, на месечината. Ни зема голем прилив на енергија.


– Многу е штетно да се погледне во огледало кое “ја сече” главата.

– Огледалото треба да биде лоцирано правилно и во спалната соба. Главната работа е заспан да не се рефлектира во него. Се смета дека најмногу ранлив и беспомошен е човек токму за време на спиењето. Огледалото како “енергетски вампир” ја голта енергијата. Луѓето можат да бидат измачувани од кошмари и наутро да се чувствуваат уморни и со главоболка.

– Сите имаат слушнато дека огледалата имаат меморија – способни се да запомнат информација. Ова верување е пренесувано од генерација на генерација. Сега научниците го потврдуваат тоа со експерименти. Затоа е подобро да не се купуваат антички огледала – кои може да виделе смрт, трагедии и што ли уште не. Негативната енергија, заклучена во нив, може да помине кај новите сопственици. Затоа во моменти на тага и болест не е добро да се погледнуваме.

– Според верувањето препорачливо е од време на време да се чисти енергијата на внатрешните огледала. Тоа е потребно да се прави особено по расправија, кавга, непријатни гости. Потребно е да се избрише со влажна крпа натопена со чиста вода. Можете да користите и света вода која ќе ги неутрализира сите собрани негативни информации.

– Скршено огледало кај сите племиња и народи се смета за лош знак. Ако случајно скршите огледало – не паничете и не се плашете – едноставно не се погледнувајте во парчињата. Треба да ги фрлите од дома.