Тајните на добриот сексуален живот



Факт е дека не секој човек обрнува доволно внимание на општата здравствена состојба – многумина од нас се редовно ненаспани, претеруваат со штетната храна и пијалоците или со еден збор – сопственото здравје не е врвен приоритет.


Речиси сите луѓе сепак сакаат да имаат добар и квалитетен сексуален живот, а сексуалните пореметувања се дел секојдневните здравствени проблеми. Многу малку од нас сепак сфаќаат дека двете работи се тесно поврзани и сексуалното здравје всушност е знак за добра општа здравствена состојба и обратно – ако сме здрави како целина, тогаш најверојатно и во сексуалниот однос сè е во ред.

Еден елементарен пример за ова е дека според статистичките податоци, често импотенцијата кај мажите претходи поради сериозни срцеви заболувања како удари и инфаркти. Едно од можните објаснувања е дека природата не би ни дозволила да ја продолжиме генерацијата и да се грижиме за некој друг, ако не сме во доволно добра здравствена состојба за да се грижиме за самите себе.


Кои се факторите кои најмногу влијаат на сексуалното здравје?

На прво место тоа е начинот на живот и количеството стрес, го кој добиваме секој ден. Кога се комбинираат силен секојдневен стрес со нездрава исхрана, ненаспаност, злоупотреба на алкохол, недостаток на движење, во нашиот организам се добива, најблаго речено, една голема збрка.

Сето ова докажува директно влијание на хормоните во нашето тело, а тие се одлучувачки за сексуалното однесување и го контролираат либидото. Исто така, со напредувањето на возраста , важноста на овие фактори се зајакнува и стануваме многу поранливи.


Еден од најважните хормони за сексуалната функција е тестостеронот, како за мажите, така и за жените. Кај жените тестостеронот е прекурсор на естрогенот, т.е. при недоволни нивоа на тестостерон, тие не се способни да произведуваат доволно естроген.

Што можеме да направиме за да ги одржиме здравите нивоа на тестостерон и соодветно да се подобри сексуалниот живот?

Топ приоритет треба да биде одржувањето на оптимална телесна тежина, со низок процент телесни масти. Причината е дека масните клетки во организмот ни произведуваат хормони, кои директно се спротиставуваат на хормоните одговорни за сексуалната функција. На пример, натрупувањето на масти околу појасот е јасен знак за високи нивоа на кортизол, кој силно ја намалува сексуалната желба. Неслучајно го нарекуваат хормон на стресот.

Како да ги намалиме телесните масти? Се разбира, со правилна исхрана и вежбање. Јадете зеленчук и поконкретно зелка, карфиол, брокула итн . Тие имаат својство да го ослободуваат телото од ” лошите” синтетички естроген , кои секојдневно го преземаме од пластичните пакувања, обработеното месо и др. Токму овие естрогени често се причина за сексуална дисфункција кај машкиот пол.