Тајната на вечната младост



Жените кои ги избегнуваат сончевите зраци можат да изгледаат со 20 години помлади од останатите. Тоа го покажа студијата што ќе биде претставена пред Американската академија за дерматологија, објавија во весникот “Дејли мејл”.


Научниците од Масачусетс истражувале 231 жени од различни возрасти, кои требало да ги пополнат прашалниците за нивниот начин на живот и нивната изложеност на сончевите зраци.

Екипата на д-р Алекса Кимбел го демантирала митот дека пиењето на големи количини вода ја одржува кожата на лицето млада и дека самото тело проценува какви количини се потребни.


“Водата нема никакво влијание врз тоа како изгледа нашето лице”, тврди д-р Кимбел.

Со очигледни знаци на стареење се покажале дамите кои во текот на долги периоди се изложувале на сончевите зраци.


Тимот од Масачусетс спровел и ДНК кожни тестови за да се утврди степенот на штетата предизвикана од сонце.

Генот CDKN2A бил многу активен во кожата на лицето, со долго изложување на зраците и бил откриен кај жените, кои изгледале постари.