Урдата е еден од најстарите прехранбени производи, кој се консумира со огромна желба од луѓето.
Во урдата се содржи апсолутно се што е потребно за човечкото тело – аминокиселини, протеини, млечни масти и витамини.
Производот се апсорбира побрзо дури и од јогуртот и може да се јаде во секое време, без никакви ограничувања во количината.
Урдата се смета за одличен диетален производ кој е вреден за здравјето.
Таа е совршен извор на протеини и освен тоа не содржи речиси никакви масти, што е голем бонус за сите оние кои сакаат да јадат, но внимаваат со килограмите.
Диетата со урда покажува благотворно влијание кај хепатитис, зајакнување на организмот и помагање функциите на црниот дроб.
Холинот и метионинот во неа штитат од развој на атеросклероза. Минералите во составот земаат активно учество во формирањето на коските.