Тајната на љубовта низ призмата од еден современ Гуру



Љубовта е човечка емоција. Во момент кога луѓето се без предрасуди и отворени, тие ќе гледаат кон секого со љубов. Повеќето луѓе се вообразени најголем дел од времето. За да доживеат љубов треба да се поистоветуваат со оној кој е пред нив. Мора да биде нивниот татко, нивната мајка, нивното дете или некој друг со кој се поистоветуваат на некој начин. Не се обидувам да направам љубовта да изгледа грда. Љубовта е убаво нешто кога се случува во вас. Она што другите луѓе го прават за вас во име на љубовта е убаво за нив. Можете да го цените тоа. Важната работа не е дека луѓето ве сакаат, туку дека вие сте љубовни. Дури и ако некој се движи со љубов, тоа е фантастично. Ги гледам луѓето како одат наоколу пресамоуверено и фалбаџиски, но во моментот кога ќе ме видат, одеднаш се поклонуваат потчинето. Тоа не е добро. Тоа е она што треба да се промени во вас.

Ако се поклонувате предано на сè, тогаш се случило нешто фантастично со вас. Инаку, вие сте само предрасудни, гледајќи на едно нешто како високо, а на друго нешто како ниско. Неизбежно е дека љубовта и омразата се две страни на паричката. Ако падне на една страна, тоа е љубовна врска. Ако падне на другата страна, станува омраза. Ако станете љубовни, тоа е фантастично за вас. И прекрасно е за сите околу вас, затоа што да се биде со вас ќе биде убаво доживување и за нив. Исто така и тие можат да се заразат. Ако станете љубовни, што и да правите, оние што се со вас ќе го сфатат на добар начин. Некако, тие ќе знаат дека доаѓа од внатешните вистински причини. Во спротивно, дури и таканаречените добри нешта што ги правите ќе испаднат лоши за вас.


Љубовта не е она што го правите. Љубов е начинот на кој што сте. Тоа значи дека сладоста на емоциите е надојдена во вас. Ако подигнете сад, тоа го правите љубовно. Ако допрете друга личност, тоа го правите љубовно. Дури и да нема никој друг наоколу, вие седите љубовно. Треба да го промените вашиот концепт на љубов. Љубовта не е за некој друг – таа е за вас. Поради сладоста на емоциите во вас, вашиот живот станува убав. Што и да се случи, успех или неуспех, вашиот живот ќе биде сладок.

Садгуру е јогин, мистик, визионер и автор на бестселер според New York Times. Истата книга Внатрешен Инжениринг е најкупувана книга последниве два месеца во Издавачки центар Три. Именуван е како еден од 50те највлијателни личности во Индија. Неговата работа има допрено до животите на милиони луѓе низ светот преку неговите трансформативни програми. Неговиот пристап не припаѓа на ниеден систем на верување туку нуди моќни и докажани методи на себе-трансформација. Неговата водечка програма Inner Engineering Online е моментално бесплатна за сите здравствени работници.


Страни: 1 2