Тајната на љубовта низ призмата од еден современ Гуру



Љубовта е нешто прекрасно. Toa e најдоброто нешто што може да го направите со вашата емоција. Вашите емоции секогаш треба да бидат на најсладок можен начин. Но, мора да ги разберете нејзините ограничувања. Колку и да ве сака некој, постојат услови. Без оглед дали тоа е ваш пријател, вашиот маж или жена, вашите родители, или вашите деца- за секого, постои линија. Ако ја преминете таа линија, љубовта повеќе ја нема. Таа е условна, и нема ништо погрешно во тоа. Љубовта треба да се води со одговорност, инаку нема да остане. Љубовта е како цвет. Ако имате цвет во рака, мора да се движите внимателно. Многу услови треба да бидат исполнети, за љубовта да остане жива.

Во моментов не можете да погледнете кон нешто со љубов, освен ако не ви припаѓа Вам на некој начин. Копнежот да се поседува нешто доаѓа од чувството на недоволност. Потребно ви е нешто да ви припаѓа, во спротивно се чувствувате депресивно. Само ако поседувате нешто, вашите емоции се слатки. Ако би знаеле како да ги одржувате вашите емоции слатки во секој момент од животот, тоа би бил повисок начин на постоење. Ако некој е околу вас, можете да ја споделите сладоста. Ако нема никој, пак можете да бидете полни со љубов. Јадрото на вашата емоција може да биде љубов. Немојте да мислите дека јадрото на универзумот е љубов. Само луѓе лишени од љубов, замислуваат дека Господ е љубов, или дека јадрото на универзумот е љубов. Тоа не е така.


Продолжува на следната страна

Страни: 1 2