Тајната на азиските убавини



Азиските девојки за разубавување најмногу користат неколку видови на храна. Тие во главно конзумираат зелен чај, ѓумбир, ориз, бамбус, сојата и печурки. Еве ја листата:


ѓумбир

Ѓумбирот се бори успешно со високото ниво на холестерол, го нормализира снабдувањето со крв и ја подобрува меморијата.


зелен чај

Зелениот чај е ненадминат антиоксидант. Миризливиот пијалок има посебна почит во азиските земји. Се користи во секојдневниот живот, во козметичките производи, при лекување и превенција на бројни болести. Зелениот чај е докажан антиоксидант, тој се грижи за добриот изглед на кожата, штити од разни кожни воспаленија и е особено корисен при изгореници.


бамбус

Идеално средство за лекување и олеснување на симптомите на астма и треска. Ја штити кожата од предвремено стареење .

ориз

Оризовите трици ја чистат кожата, ги отстрануваат мртвите клетки, го освежуваат тенот и ги зголемуваат заштитните својства на организмот. Оризот е ненадминат антиоксидант, тој содржи и есенцијални масни киселини, како и фитинова киселина .

соја

Богата со протеини и антиоксиданси, сојата е незаменлива на трпезата како храна за разубавување. Научниците сметаат декан таа штити од рак на кожата.

печурки

Штитат од рак, го зајакнуваат имунолошкиот систем и ги зацврстуваат организмот.