Таа заработува по 600 долари секоја секунда !



Најбогатата жена во светот се вели Џина Рајнхарт. Според списанието “Best Business Review Weekly” 58-годишната дама поседува 30 милијарди долари. Таа додава кон банкарската сметка по 1 милион долари на час или околу 600 долари секоја секунда.

Џина имала среќа да се роди во богато семејство. Наследила моќна империја, која се занимава со екстракција на железна руда. До денес богаташката се занимава и со други активности кои и носат стабилни добивки.


Авторитетното издание “Forbes” пишува дека богатството на Рајнхарт се зголемува “без преседан”. Во последните 6 месеци железната руда поскапе, а милиардерката привлекла странски инвеститори и дала старт на нови проекти.

До неодамна најбогата дама на глобално ниво беше Кристи Волтон, која е вдовица на основачот на Wal-Mart. Нејзиното богатство се проценува на 25 милијарди долари.