„Таа толку убаво се смее. Пет минути во нејзино друштво е како да сум добил на лото.“



Нема некој на Балканот кој не го знае Ѓорѓе Балашевиќ. Неговите песни и денес се слушаат, неговите стихови и секоја идна генерација ќе ја разнежнуваат. Неговите муабети се безвременски.


Ајде да се разнежниме!

„А ја сакав. И таа мене ме сакаше. И сите го знаеја тоа, освен ние двајца.“


„Не ти се лутам. Невозможно е да се возврати олкава љубов.“

„Не се баравме, само се пронајдовме. Сега кога се пронајдовме, како пак да се бараме. Можеби тоа е смислата на љубовта, во убавината на неизвесноста…


„Таа, случајно, се омажи на 18 мај 1980. Да се омажеше за мене, веројатно, како вистински маж, понекогаш и ќе го заборавав тој датум. Вака, го помнам засекогаш.“

„И нека небото не ми земе за грев, ама ти си единственото нешто на кое му се молам…“

„Само што заспа, па, не сакав да ја будам. Само ја бакнав, посакувајќи ѝ да го сонува сето она кое дојдов да ѝ го кажам.“

„Дали тоа навистина беа подобри денови или ние бевме тогаш подобри?“

„И пратив дожд. Немојте да се лутите вие кои сте близу до неа, па накиснавте. Таа навистина го сака дождот. А јас сакам таа да е среќна.“

„Не знам зошто од секоја која ја запознавам се трудам да ја претворам во совршена верзија од тебе. И не знам зошто после сè се враќам на твојата несовршеност. Очигледно, тоа е љубов.“

„Таа толку убаво се смее. Пет минути во нејзино друштво е како да сум добил на лото.“

„Таа беше орхидеја баш таму каде што тоа е реткост. Да беше некаде каде што врие од орхидеи, сигурно би била некој друг цвет.“

„Од накит имаше само очи.“

„Кукло, ти никаде не си задоцнила. И да се појавиш за десет години од денес, пак би пристигнала во право време. Ретките ги наоѓаат ретките, кога-тогаш.“

Извор: убаво.мк