Таа потроши 30 000 $ за да личи на Памела Андерсон (видео)



30-годишната Каролин Андерсон од Англија многу сака да личи на Памела Андерсон. Таа има поминато 30 000 долари за корекции до сега. Досега има направено 8 операции на градите.


Нејзината прва операција на градите била многу неуспешна. Едниот имплант пукнал, додека таа била на солариум. Потребно било да поминат 6 месеци само со еден имплант, додека се обновела операцијата.

Таа носи контакти леќи, бидејќи нејзините очи се кафени, а оние на Памела се сини. Редовно си прави ботокс инјекции. Таа дури си го сменила името во Андерсон.


Каролин работи како имитатор на Памела Андерсон, нудејќи услуги за забави. Таа вели дека нејзината манија започнала уште кога имала 10 години и откако се направила нова фризура, нејзиниот татко рекол дека личи на Памела.