Таа ја претвора секоја грда облека во прекрасен фустан! (Фото)



Таа има интересно и корисно хоби! Џилијан Овенс од Колумбија е писателка и дизајнерка, која има малку поинаков поглед кон модата. Таа е толку талентирана што може да ја претвори секоја стара и грда облека во прекрасен фустан!


„Во денешно време многу луѓе сакаат да изгледаат добро, соочувајќи се со финансиски тешкотии. Инспирирана од овој проблем, решив да создадам нешто ново – одам низ продавниците за облека по втора употреба, купувам евтини и грда облека, по што ги претворам во шик фустани” вели Џилијан.

“Загрижена сум од фактот што има доста луѓе кои носат дадена облека само по еден-два пати, а потоа ја отстрануваат. Тоа се одразува негативно на нашата планета”, расудува дизајнерката.


Џилијан докажува дека секој може да има модерни алишта за малку пари, без да ја загадува излишно животната средина.